Достапни линкови

logo-print

Обама: светот побезбеден по самитот за нуклеарно вооружување


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека светот стана побезбеден по самитот за нуклеарното вооружување што синоќа заврши во Вашингтон. На затворањето на собирот, Обама рече дека лидерите ја искористиле шансата да обезбедат нуклеарниот материјал никогаш да не падне во рацете на терористи. Лидерите на 47 земји на крајот на дводневниот самит постигнаа договор за обезбедување на нуклеарниот материјал во наредните четири години, изјави американскиот претседател, додавајќи оти постигнувањето на таа цел нема да биде лесно.
XS
SM
MD
LG