Достапни линкови

САД и Русија потпишаа протокол за отстранување 68 тони плутониум


САД и Русија синоќа потпишаа протокол за отстранување на 68 тони плутониум, доволни за производство на 17 илјади атомски бомби, соопшти Стејт департментот. Протоколот го потпишаа шефовите на дипломатиите на двете земји Хилари Клинтон и Сергеј Лавров, на маргините на самитот за нуклеарното вооружување во Вашингтон. Потпишувањето претставува важен чекор во нуклеарното разоружување и овозможува безбедно отстранување на вишокот на плутониум, се наведува во соопштението, во кое се истакнува дека двете земји се обврзале, почнувајќи од 2018 година, да отстранат по 34 тони плутониум.
XS
SM
MD
LG