Достапни линкови

Ахмадинеџад го повика Обама да соработува со Иран


Иран за американскиот претседател Барак Обама е единствена шанса за успех, изјави иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во интервју за државната телевизија. Обама не може да направи ништо во Палестина ни во Ирак, а Авганистан е премногу комплициран, рече Ахмадинеџад, додавајќи оти Иран е единствено место за кое Обама би можел да каже дека изменил некоја ситуација во светот. Иранскиот претседател му порача на својот американски колега дека најдобро е тој да го прифати и почитува Иран и да започне соработка со Техеран.
XS
SM
MD
LG