Достапни линкови

Времето денеска ќе биде променливо со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд особено во западните и северните делови на Македонија. Попладне ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура се движи од четири до осум, а дневната ќе биде од 14 до 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен дожд. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер претежно од југоисточен правец. Утринската температура се спушти до осум, а дневната ќе достигне до 16 степени.
XS
SM
MD
LG