Достапни линкови

Вељаноски – Опозицијата да се врати на координациите


Седница во Собранието на РМ

Седница во Собранието на РМ

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги повика координаторите од опозиционите пратенички партии да се вратат на собраниските координативни средби. Опозицијата, пак, најавува враќање на координациите, само доколку Вељаноски закаже расправа за проектот „Скопје 2014“, ревизија на приватизацијата и Деловникот.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги повика координаторите на пратеничките групи од опозицијата да се врататат на редовните координативни средби што во Собранието се одржуваат секој понеделник, а пратеничките групи од мнозинството да покажат поголема отвореност и разбирање за барањата на опозицијата.
Недозволиво е да се бојкотира самиот механизам преку кој што се овозможува дијалог во Собранието на РМ. Сите барања можеме да ги разрешиме доколку координаторите од опозиционите партии се вратат и разговараат онаму каде што им е местото.

„Недозволиво е да се бојкотира самиот механизам преку кој што се овозможува дијалог во Собранието на РМ. Сите барања можеме да ги разрешиме доколку координаторите од опозиционите партии се вратат и разговараат онаму каде што им е местото, за да не бидеме во ситуација преку вас, медиумите, да разговараме.“

Опозицијата, своето враќање на координициите го условува со три пункта кои се важни за нив, а тоа е расправа за проектот „Скопје 2014“, ревизијата на приватизацијата и со затворање на прашањето за деловникот. Координаторите на пратеничките групи од Собранието му порачаа на Вељаноски наместо со пресови да ги повикува да се вратат на координициите, да седне и да изработи материјал со конкретни рокови кога ќе бидат изработени овие прашања и да ги понуди. Тогаш кога ќе видиме материјал ќе се вратиме на координација, рече Цветанка Иванова од СДСМ:

„Подобро ќе беше заедно со парламентарното мнозинство и со службите во Собранието да поработи на отстранување на причините поради кои што ја напуштивме координацијата, а причините се јасни.“

За разлика од Вељаноски кој рече дека позитивниот извештај од Европската Комисија јасно кажува дека за политичкиот дијалог
Подобро ќе беше заедно со парламентарното мнозинство и со службите во Собранието да поработи на отстранување на причините поради кои што ја напуштивме координацијата.
заслугата припаѓа на целокупната тимска работа и координацијата на пратеничките групи, Флора Кадриу од Нова Демократија ја нагласи конструктивноста на опозицијата и побара такво однесување сега да покаже парламентарното мнозинство.

„Значи потребно е претседателот како еден од еднаквите помеѓу сите во Собранието, да определи определен временски рок за исполнување на барањата на опозицијата, имајќи во предвид дека тоа е практика на Владата, затоа што и проектот „Скопје 2014“ за секој проект има определен временски рок.“

Пратениците на Нова Демократија во меѓувреме заедно со пратениците на ДУИ ја напуштија седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, незадоволни поради немање материјали за работа на албански јазик. Во врска со изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека ако премиерот Никола Груевски не ги прифати барањата на Албанците за уставните промени, тогаш ДУИ во Собранието ќе го блокира донесувањето на законите за кои е потребно двотретинско гласање, Вељаноски рече дека секогаш кога се гласа за некој закон одговорност имаат пратениците.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG