Достапни линкови

logo-print

Бакиев ќе отстапи ако му се гарантира безбедноста


Претседателот на Киргистан ги соопшти условите под кои е подготвен да си поднесе оставка. Ако тие ми гарантираат дека луѓето во Киргистан ќе престанат да трчаат со пиштоли и ако се гарантира мојата безбедност и безбедноста на моето семејство, тогаш ќе си поднесам оставка, рече Бакиев на прес конференција во регионот Јалал Абад, во југот на земјата, каде избега за време на немирите во главниот град Бишкек. Бакиев ја покани лидерката на привремената влада во земјата Роза Отумбаева да го посети за да разговараат. Тој додаде дека обидите на Отумбаева да го уапси би биле неуспешни.
XS
SM
MD
LG