Достапни линкови

logo-print

Претседателите на Босна и Србија не разговараа


Претседателите на Босна и Србија денеска заедно присуствуваа на конференција за зголемување на регионалните инвестиции, но не одржаа разговори како што беше планирано. Босанскиот лидер Харис Сиљаџиќ рече дека односите на Босна со Србија нема да се подобрат, се` додека не се решат отворените прашања за воени злосторства. Тадиќ, од друга страна, не даде конкретна причина зошто не се сретнал со неговиот босански колега. Односите меѓу двете земји се влошуваат од 2006 година поради тоа што Србија уапси босански државен службеник, кого го товари за воени злосторства за време на конфликтот од 1992 до 1995 година.
XS
SM
MD
LG