Достапни линкови

Обама предупреди на терористичка нуклеарна закана


Опасноста нуклеарното оружје да се најде во рацете на терористи е зголемена, предупреди денеска американскиот претседател Барак Обама за време на конференцијата за нуклеарна безбедност во Вашингтон. „Терористички мрежи како Ал Каеда веќе се обидоа да соберат материјал за нуклеарно оружје“ рече Обама, повикувајки ги земјите вклучени во самитот да се концентрираат на изработката на план за побезбедно чување на нуклеарните арсенали. Лидери и други претставници од 47 држави се на самитот за нуклеарна безбедност во Вашингтон. Станува збор за најголем самит кој Америка го има организирано од 1945 година. Обама ги обелодени плановите за организирање на сличен настан во 2012 година во Јужна кореа.
XS
SM
MD
LG