Достапни линкови

logo-print

Албанскиот претседател утре во посета на Македонија


Претседателот на Албанија, Бамир Топи утре и задутре ќе престојува во дводневна посета на Република Македонија. За време на посетата Топи ќе се сретне со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со премиерот Никола Груевски. Топи утре ќе им се обрати на пратениците во собранието. Шефовите на двете држави, Иванов и Топи, ќе присуствуваат и на македонско-албанскиот бизнис форум кој ќе се одржи во Скопје.
XS
SM
MD
LG