Достапни линкови

Американски авион принудно слета во Исланд


Авионот на компанијата „Американ Ерлајнс“ принудно слета на аеродромот во Кефлавик, Исланд. Портпаролот на аеродромот Фридтхор Ејдал рече дека авионот слетал без проблеми. Екипи за брза интервенција го пречекаа леталото. Летот бил од Париз до Далас со 145 патници и членови на екипажот. Авионот принудно слетал откако неколкумина патници се жалеле на неподнослива миризба на хемикалии. Неофицијално, од „Американ Ерлајнс“ потврдиле дека миризбата се создала поради технички проблеми со леталото. За сега не се знае во каква состојба се патниците.
XS
SM
MD
LG