Достапни линкови

Министерот на безбедносните сили на Косово во посета на Македонија


Министерот на безбедносните сили на Република Косово, Фехми Мујота утре ќе престојвуа во прва официјална посета на Македонија, од признавањето на косовската независност. Со високи државни и воени почести, министерот Мујота ќе биде пречекан од македонскиот министерот за одбрана Зоран Коњановски. На средбата, двајцата, како што е најавено, ќе потпишат Меморандум за разбирање помеѓу двете земји, кој би требало да биде појдовна основа за отпочнување билатерална соработка.
XS
SM
MD
LG