Достапни линкови

Грчки и македонски реакции за „Македонско претседателство 2010“


Грција реагира на веста дека Македонија од мај ќе претседава со Советот на Европа под името „Македонско претседателство 2010“ карактеризирајќи ја како провокација и нарушување на резолуцијата на Советот. Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски пак вели Грција со противењето покажува дека нивните притисоци не завршуваат само по основ на уставното име на Република Македонија.

Иванов: Грција треба да се соочи со реалноста

Претседателот Ѓорѓе Иванов
Грција треба да соочи со реалноста и да признае дека постојат и македонска држава и македонска нација, изјави денеска претседателот Ѓорге Иванов во Охрид, коментирајќи ги грчките забелешки за одлуката Македонија да претседава со Советот на европа под името „Македонско претседателство 2010“. Одговорајќи на новинарско прашање дали со тоа Грција отворено стои на ставот да не го признава македонскиот идентитет, Иванов рече дека тоа е проблем што ги оптоварува билатералните односи веќе две децении. Шефот на државата очекува медијаторот Метју Нимиц до крајот на месецов да закаже нова рунда разговори за името.


Милошоски: Грчките притисоци одат во забранета зона на индивидуални и национални права


Советот на Европа е паневропската институција на слободата, човековите права на сите држави и во неа е сосема соодветно земјите да претседаваат на начин којшто е достинствен за Република Македонија, на начин којшто е прагматичен и којшто е во согласност со веќе
Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски
воспоставената пракса на употребување на терминот македонски во повеќе тела на оваа организација, изјави шефот на македонската дипломатија по реакцијата од грчкото МНР на претходно објавената вест дека Македонија од мај ќе претседава со Советот на Европа под името „македонско претседателство 2010“:

„Грција со противењето на самиот наслов покажува дека нивните притисоци не завршуваат само по основ на уставното име на Република Македонија, туку за жал одат и чекор понатаму и навлегуваат веќе во една забранета зона на индивидуални и национални права на самоопределување и јазичен идентитет.“

Наместо тоа, Грција да се фокусира на суштината и заедно како земји од регионот да се позветиме на приоритетите, коментираше Милошоски на очекуваната грчка реакција во која се вели дека ваквите чекори го отежнуваат преговарачкиот процес во рамките на ООН и ги отфрлаат напорите на Грција за создавање позитивна аклима меѓу двете земи за решавање на спорот.

Грција: Провокација и нарушување на резолуциите на Советот


По вчерашната вест што ја објави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски дека Македонија од мај ќе претседава со
Грччкиот премиер Јоргос Папандреу
Советот на Европа под името „македонско претседателство 2010“, денеска реакција од грчкото, министертсво за надворешни работи. Провокација и нарушување на резолуциите на Советот во кои земјата привремено се нарекува Поранешна Jугословенска РепубликаМакедонија. Во реакцијата се вели и дека ваквите чекори го отежнуваат преговарачкиот процес во рамките на ОН и ги отфрлаат напорите на Грција за создавање позитивна клима меѓу двете земи за решавање на спорот.

Ваквата реакција од грчка сртрана беше очекувана, но министерот Милошоски само рече дека дека се надева оти оваа земја повеќе ќе им се посвети на исполнувањето на приоритетите.


Вистинска одлука во вистински момент?

Реакциите од страна на Грција може да се појавуваат во континуитет, вели аналитичарот Албер Муслиу, во форма на бојкот на седници, лобирање кај своите пријатели или дури и да го употребат како аргумент пред Меѓународниот суд. Од македонска страна непотребно отворен проблем којшто ги нарушува и обврските од времената спогодба.
Ние и со времената спогодба сме презеле обврска кое е нашето име во меѓународните институции, ние и во Советот на Европа сме под референцата


„Ние и со времената спогодба сме презеле обврска кое е нашето име во меѓународните институции, ние и во Советот на Европа сме под референцата.“

Во таа смисла, ваквото инсистирање го оценува како непотребно и бара посериозна проценка и помалку емоции од македонска страна. Муслиу вели дека сме во фаза кога спорот треба суштински да се реши, а тоа нема да се постигне со ваквиот потег.

Нашето претседателствување може да се искористи да се забрза процесот на решавање на спорот каде што клучна и натаму ќе остане подготвеноста на компромис, а не македонската позиција, вели политикологот Петар Арсовски.
Тоа што ние можеме да се избориме е за евентуална флексибилност за некаков комрпомис, инаку не верувам дека било какво претседателствување, па дури и претседателствување со ОН, какво што имаше Срѓан Керим не може да помогне да ја добиеме ексклузивно нашата позиција


„Тоа што ние можеме да се избориме е за евентуална флексибилност за некаков комрпомис, инаку не верувам дека било какво претседателствување, па дури и претседателствување со ОН, какво што имаше Срѓан Керим не може да помогне да ја добиеме ексклузивно нашата позиција, таа може да помогне преговарачкиот процес да се забрза и евентуално компромисот малку повеќе да прелегне на наша страна, инаку не може да ја етаблира ексклузивно нашата позиција.“

Вчера, министерот Милошоски објави дека од страна на генералниот секретар на Советот на Европа било прифатено именувањето на претседателството на Македонија со Советот на Европа - логото на официјалните документи и натписи на конференции ќе бидат под терминот Македонско претседателство. Сепак, Генералниот Секретар на Советот на Европа во средбите со македонскиот државен врв овие два дена ќе побара прагматизам во однос на спорот со Грција, за да тој конечно се надмине.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG