Достапни линкови

logo-print

Успех на самитот за нуклеарна безбедност


Самитот за нуклеарна безбедност, чиј домаќин е американскиот претседател Барак Обама, беше отворен со драматичната најава на украинскиот претседател Виктор Јанукович дека ќе се ослободи од залихите на збогатен ураниум на неговата земја. Овој потег уште еднаш го потенцира моментот во кој се одржува собирот, за кој Белата куќа верува дека ќе го промени безбедносниот пејзаж во светот.

Ваквата најава, украинскиот претседател Виктор Јанукович ја даде за време на ручекот во американско-украинскиот бизнис совет.

„Украина донесе одлука да и се приклучи на светската иницијатива за неширење на оружјето и ќе ги прилагоди своите нуклеарни реактори наместо на високо збогатен да работат на ниско збогатен ураниум.“

Јанукович најави дека за многу кратко време целиот високо збогатен ураниум ќе биде транспортиран од Украина. На ова веднаш реагираше Белата куќа, при што портпаролот Роберт Гибс изјави:

„Ова е нешто што Соединетите Држави се обидуваат да се случи повеќе од 10 години. Материјалот е доволен да се изградат неколку нуклеарни оружја. И ова покажува дека раководството на Украина е за неширење на нуклеарното оружје.“

Овој потег од Украина е токму она што Обама се надева дека ќе го направат и другите 46 светски лидери кои се собраа во Вашингтон за
Заканата од нуклеарен тероризам е реална, сериозна и е во пораст. Тоа е една од најголемите закани за нашата национална и, секако, за глобалната безбедност.
да разговараат за конкретните чекори со кои ваквиот вид оружје нема да дојде во рацете на терористите. Самитот е последен во серијата потези на претседателот Обама за постигнување на неговата најавена цел - свет без нуклеарно оружје. Минатата недела тој потпиша нов СТАРТ договор со Русија и ја претстави новата национална стратегија со која се намалува потпирањето на американската безбедност врз нуклеарното оружје.

По низата одржани билатерални средби, Обама изјави дека до крајот на самитот ќе има, како што рече, некои многу специфични и конкретни активности што секоја земја ќе ги преземе за да го направи светот побезбеден. Според оценката на Белата куќа, најбитно за елиминирање на заканата е таканаречениот одвоен плутониум и високо збогатениот ураниум, состојки од кои се прави нуклеарно оружје, да се задржат далеку од дофатот на терористите. А таквата закана е вистинска и постојано се зголемува, вели Џон Бренан, советник на Белата куќа за антитероризам.

„Заканата од нуклеарен тероризам е реална, сериозна и е во пораст. Тоа е една од најголемите закани за нашата национална и секако за глобалната безбедност.“

Втора тема на самитот е Иран, односно растечката меѓународна нетрпеливост поради одбивањето на Техеран да му докаже на светот дека неговата нуклеарна програма не е наменета за воени цели. Белата куќа соопшти дека на билатералната средба на Барак Обама со кинескиот претседател Ху Џинтао била постигната согласност заеднички да се работи на пакетот нови санкции што на Иран ќе му стават јасно до знаење каква ќе биде цената што ќе мора да ја плати ако продолжи да и пркоси на меѓународната заедница. Рускиот претседател Дмитриј Медведев во Вашингтон изјави дека евентуалните санкции против Иран треба да бидат добро осмислени, со оглед на тоа што тие често остануваат без ефект. На самитот не се поканети Северна Кореја и Иран, бидејќи се смета дека го прекршуваат Договорот за неширење на нуклеарното оружје.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG