Достапни линкови

logo-print

Русија и САД ќе потпишат договор за плутониумот


Русија и Соединетите држави денеска ќе потпишат договор за намалување на залихите на оружје со збогатен плутониум. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров тоа ќе го направaт во рамките на вториот ден од самитот за нуклеарна безбедност што се одржува во Вашингтон. На првиот ден, Украина објави дека до 2012 ќе се ослободи од своите залихи на високо збогатен ураниум. Канада пак, објави дека ќе го врати потрошеното нуклеарно гориво во Соединетите драви од каде што и го набавила.
XS
SM
MD
LG