Достапни линкови

Гласање за недоверба на владата на Мило Ѓукановиќ


Црногорскиот парламент денеска ќе го разгледува барањето поднесено од повеќето опозициски партии за гласање недоверба за црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ и неговиот кабинет. Според опозицијата, владата веќе ја нема довербата на народот поради лошата ситуација со безбедноста во земјата и неефикасните државни институции во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Владата е одговорна и за лошата економска ситуација, опаднатиот животен стандард и немањето мерки за надминување на економската криза, наведе опозицијата во предлогот за гласање недоверба. Членовите на владеачката коалиција, пак, го критикуваат барањето на опозицијата како чекор преземен пред локалните избори, закажани за 23 мај.
XS
SM
MD
LG