Достапни линкови

logo-print

САД ги повикаа Турција и Ерменија да ги подобрат односите


Американскиот претседател Барак Обама ги повика Ерменија и Турција да ги направат сите можни напори за да ги унапредат и зајакнат меѓусебните односи. Обама оствари средба со ерменскиот претседател Серж Саркисјан на маргините на самитот за нуклеарна безбедност во Вашингтон. Претходно Саркисјан се состана и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Ерменија и Турција во октомври минатата година потпишаа договор со цел да се надмине минатото, кога за време на Првата светска војна Ерменците масовно биле убивани од Отоманските Турци.
XS
SM
MD
LG