Достапни линкови

Прв американски дипломат во Киргистан по немирите


Американскиот помошник државен секретар Роберт Блејк ќе отпатува за Киргистан, каде што ќе се сретне со привремениот лидер Роза Отунбајева и други лица од привремената влада. Тој е првиот американски дипломат во посета на земјата, откако претседателот Курманбек Бакиев избега по немирите предизвикани од опозицијата. Блејк изјави дека Соединетите Држави формално не ја признаваат самопрогласената влада, но додаде оти нема намера да се сретне со Бакиев.
XS
SM
MD
LG