Достапни линкови

Иран бара од ООН истрага за присуството на НАТО во Авганистан и Ирак


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад побара од генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун да започне истрага за присуството на НАТО во Авганистан и во Ирак. Во писмото до Мун, тој вели дека заробениот лидер на бунтовниците, Абдулмалик Риги признал дека членовите на НАТО ја поддржувале неговата група Џундалах, која се бори за еднакви права на сунитското малцинство во југоисточен Иран. Џундалах ја презема одговорноста за бомбашките напади во во земјата во октомври 2009 година.
XS
SM
MD
LG