Достапни линкови

logo-print

Пакистан нема да ги толерира екстремистите кои ја напаѓаат Индија


Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Џилани изјави дека нема да ги толерира екстремистите, кои ја користат неговата земја за да ја нападнат Индија. Тој потврди дека американскиот претседател Барак Обама го покренал прашањето за пакистанската милитантна група Лашкар е Таиба на средбата во неделата. Џилани додаде дека Пакистан веќе забранил некои екстеремистички групи и им ги замрзнал сметките во банките. Тој бара од Индија повеќе докази против Лашкар е Таиба која е под истрага на судот, бидејќи е осомничена за опсадата на Мумбаи во 2008 година, при што загинаа 166 лица.
XS
SM
MD
LG