Достапни линкови

Времето ќе биде облачно со повремен дожд


Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде локално врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура се движи од четири до 10, а дневната ќе биде од 10 до 17 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура се спушти до седум, а дневната ќе достигне до 15 степени.
XS
SM
MD
LG