Достапни линкови

Средба меѓу премиерот на Турција и ерменскиот претседател


Ерменските новински агенции јавија дека турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган е на средба со претседателот на Ерменија Серж Саркисиан, на маргините на нуклеарниот самит во Вашингтон. Ова е прва средба меѓу двајцата годинава. Портпарол на националниот совет за безбедност, во изјава за Радио Слободна Европа, најави дека ерменскиот претседател утре ќе се сретне со претседателот на Соединетите американски држави.
XS
SM
MD
LG