Достапни линкови

logo-print

Талибанците се закануваат дека ќе убијат двајца новинари


Талибанските милитанти се закануваат дека ќе убијат двајца француски новинари кои ги држат во заложништво, доколку одреден број на уапсени талибанци не бидат ослободени. Милитантите ги испратија своите барања до Франција преку видео снимка, објавена на интернет. На записот, портпаролот на талибанците презентира листа на имиња на затвореници за кои бара од француските власти да ги ослободат. Двајцата новинари на телевизиската станица „Франс 3“ беа киднапирани лани во декември во близина на Кабул, главниот град на Авганистан.
XS
SM
MD
LG