Достапни линкови

Ахмадинеџад го осуди нуклеарниот самит во Вашингтон


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад го осуди нуклеарниот самит кој денеска се одржува во Вашингтон. Новинската агенција „Ирна“ ја пренесува изјавата на Ахмадинеџад кој рекол дека „светските самити кои се организираат деновиве ги понижуваат човечките суштества“. Денеска во Вашингтон американскиот претседател Барак Обама е домаќин на претставници од 47 земји, кои дискутираат за прашања од областа на нуклеарната безбедност. Иран и Северна Кореа не беа поканети.
XS
SM
MD
LG