Достапни линкови

logo-print

Повеќе од 200.000 раселени во Пакистан


Повеќе од 200.000 лица избегале од северозападниот дел на Пакистан, соопштија од Организацијата на обединетите нации. Планинскиот регион се претворил во засолниште на талибанските милитанти, кои поради зачестените судири со вооружените сили пребегале од Јужен Вазиристан. Претходно, пакистанските власти соопштија дека четириесетмина милитанти и двајца полицајци загинале во вооружен судир во овој регион. Обединетите Нации соопштија дека им се потребни повеќе пари за да им помогнат на раселените лица.
XS
SM
MD
LG