Достапни линкови

Карзаи ги осуди нападите во Кандахар


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска остро ги осуди наводните напади на НАТО, обвинувајки ги припадниците на Алијансата за смртта на четири цивили. Инцидентот се случи во Кандахар, во југот на земјата. Авганистанските власти соопштија дека меѓународните сили отвориле оган врз автобус со цивили. Меѓу осумнаесетмината повредени имало и жени и деца. Инцидентот предизвика анти – американски протести во провинцијата. Жителите на Кандахар, во знак на протест против САД, блокираа автопат со поставување на запалени гуми.
XS
SM
MD
LG