Достапни линкови

Поставен камен темелникот на „Скопје 2“


Денеска во близина на Скопје беше поставен камен темелникот на новата технолошко – индустриска Зона „Скопје 2“. Зоната е продолжение на веќе постоечката „Скопје 1“ во локалитетот Бунарџик. Индустриската зона ќе се гради на државно земјиште, на површина од 95 хектари. Предвидена е за изградба на 20 фабрики што би овозможило околу 5.000 вработувања изјави премиерот Никола Груевски. За овој проект од државната каса првично се издвоени 3,5 милиони евра.
XS
SM
MD
LG