Достапни линкови

Исламска обука за немуслиманите


Во неколку градови на Босна и Херцеговина деновиве организацијата ,,Покана за рајот,, одржала трибини под наслов „Преминување на немуслиманите во ислам“. Предавачи се Грк и Германец кои преминале во исламската вера. Во Исламската заедница во БиХ велат дека не знаат ништо за организацијата, ниту пак имаат врска со трибините.

Германецот Свен Лау и Гркот Ефстатиос Ционис кои ја примиле исламската вера, на трибините ги повикуваат муслиманите кои не се верници да се свртат кон исламот. Тие ги критикуваат што не ја почитуваат исламската вера и ги поучуваат како да го прават тоа. Еве дел од излагањето на Ционис, односно Абу Али:

„Кога ќе ги погледнеме денес муслиманите, 60 насто од нив не се поклонуваат, 70 насто од сестрите не се покриени, можеби 90 насто од муслиманите пијат алкохол, тогаш знаете за што зборувам.“

Ционис станал муслиман пред седум години. Летоци за трибината деновиве добиле и католичката и православната црква во Маглај:
Имате еден Грк и еден Германец кои тука нам ќе ни зборуваат дали работиме добро за исламот. Не мислам дека тоа е серозна закана. Станува збор за маргинални групи.

„Тоа ни дава една грда порака мене и на мојот народ. Свесен сум дека зад ова не стојат обични луѓе, Бошњаците кои со векови живеат заедно со Србите, со православните. Дури и Бошњаците се згрозени од тоа“, вели православниот свештеник Далибор Џекиќ.

Во Исламската заедница велат дека не знаат ништо за организацијата „Покана за рајот“ и оти немаат никаква врска со целиот случај. На интернет-страницата на оваа организација, се наведува дека таа е меѓународна чија цел е повик на човештвото во единствената вистинска вера, муслиманската. Седиштето на организацијата е во Тузла, а според експертите, станува збор за вехабистичка група. Вехабистите веќе неколку години настојуваат во Босна и Херцеговина да привлечат во своите редови што е можно поголем број млади луѓе и да го промени практикувањето на исламот во земјата. За тоа некогашниот припадник на вехабистичкото движење Нермин Карачиќ вели:

„Јас ги повикувам луѓето на дијалог. Со некакво етикетирање и дискриминација или каков и да друг вид на насилство не верувам дека може нешто да се постигне.“

Во врска со најновите трибини, професорот на Факултетот за исламски науки во Сараево Енес Леваковиќ вели:

„Имате еден Грк и еден Германец кои тука нам ќе ни зборуваат дали работиме добро за исламот. Не мислам дека тоа е серозна закана. Станува збор за маргинални групи.“

Сепак, тој и со оценка дека вехабистичкото движење, каде што се практикува шеријатскиот закон, е закана за босанското муслиманство. Во почетокот на февруари, полицијата спроведе акција во село Горња Маоча каде што постои училиште на јордански јазик кое дејствува надвор од легалните босански образовни институции. Во селото, со пари од Саудиска Арабија и од Јордан е изградена џамија која не под контрола на Исмламската верска заедница.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG