Достапни линкови

logo-print

Базата на САД во Киргистан продолжи со работа


Американската база во Киргистан, витална за операциите на Америка во Авганистан, продолжи со работа. Базата привремено беше затворена поради немирите во земјата во кои загинаа близу осумдесетмина. Базата сега продолжува со редовните активности, соопштија од американската амбасада во земјата. Од дипломатското претставништво исто така ја најавија посетата на заменик секретарот на САД Роберт Блејк. Тој треба да пристигне во земјата на 14 овој месец на средби со претставници на привремената влада во земјата.
XS
SM
MD
LG