Достапни линкови

Уставните измени се комплицираат


Од минатонеделната средба на лидерите посветена на уставните измени

Од минатонеделната средба на лидерите посветена на уставните измени

По иницијативата на ВМРО ДПМНЕ за уставни измени, албанските партии излегоа со барање делот на менување на Уставот да се прошири и со гласањето по Бадентер во повеќе области. Премиерот Груевски изјави дека во таков случај воопшто нема да се менува Уставот. Се наметнува прашањето зошто воопшто се отвора прашањето за уставни измени, ако можел да се предвиди ваков расплет?

Работната група за уставните измени, составена од претставници на четирите најголеми политички партии треба да почне со работа оваа недела. Пратеникот Аднан Јашари, кој ја претставува ДУИ во работната група, вели дека веројатно ќе почнат со работа во среда или во четврток. Формирањето на работната група го предложи претседателот на ДУИ Али Ахмети на последната лидерска средба во четвртокот. Задача на групата е да дискутира за сите предлози за промена на Уставот.

Откако ВМРО-ДПМНЕ предложи измени на Уставот во делот на Судскиот совет, партиите од албанскиот блок излегоа со барања Уставот да се менува и на други места, со цел да се прошири гласањето по Бадентер на повеќе области меѓу кои и во Уставниот суд. Овие барања не се прифатливи ниту за ВМРО-
Беше неприфатливо, се знае дека е неприфатливо, но Селмани се надева дека од тоа ќе профитира кај оној порадикален дел од албанските гласачи.
ДПМНЕ, ниту за СДСМ. Премиерот Никола Груевски по Лидерската средба рече дека ако тоа е условот, тогаш Уставот воопшто нема да се менува.

Се наметнува прашањето зошто воопшто се отвора прашањето за Уставот, ако можел да се предвиди ваков расплет. Политикологот Владимир Божиновски се сомнева дека некој ги очекувал овие барања од партиите од албанскиот блок. Тој смета дека проблемот не е во ДУИ и во Али Ахмети, туку во лидерот на Нова демократија Имер Селмани.

,,Беше неприфатливо, се знае дека е неприфатливо, но Селмани се надева дека од тоа ќе профитира кај оној порадикален дел од албанските гласачи.“

Од друга страна, професорот Имер Исмаили вели дека Албанците и Македонците сегогаш имале поделени ставови по клучните прашање. Исмаили вели дека тие секогаш фингирале разбирање, но оти овие прашања кога-тогаш мора да бидат отворени. Исмаили е убеден дека овие барања ќе останат трајна определба на Албанците и на партиите од албанскиот политички блок. Според него, сега, пред влезот на Македонија во ЕУ и во НАТО, е моментот да се отворат и да се решат овие прашања.

,,Ако Македонија се приклучува кон европските вредности, таква каква што е со внатрешното уредување, тогаш албанските партии ги губат правата за нешто да бараат подоцна.“

Од тоа дали работната група ќе ги усогласи ставовите, ќе зависи дали ќе има наредна лидерска средба до крајот на месецов и дали воопшто ќе се менува Уставот.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG