Достапни линкови

logo-print

Качински ќе биде погребан в сабота


Полскиот претседател Лех Качински кој загина во саботната авионска несреќа во близина на рускиот град Смоленск се очекува да биде погребан в сабота, јавуваат полските медиуми. Дотогаш ковчегот со неговите посмртни останки ќе им биде достапен на граѓаните кои сакаат да му одадат последна почит. Во Русија денеска е ден на жалост за жртвите од несреќата во која загинаа 96 луѓе. Во меѓувреме, руските експерти ја зпочнаа анализата на доказите од црните кутии. Шефот на истражниот тим Александар Бастрикин изјави дека според снименото се исклучува можноста од технички дефект на авионот. Има и наводи дека пилотот ги игнорирал наредбите од контролата на летањето да не слетува.
XS
SM
MD
LG