Достапни линкови

Анализа на комуникацијата на авионот со контролата на летање


Во Москва руските истражители ги анализираат снимките од комуникацијата на авионот во кој беа полскиот претседател и државна делегација, со контролата на летање. Шефот на рускиот истражувачки тим Александар Бастрикин изјави дека немало технички проблеми со авионот. Снимките докажуваат дека пилотот бил предупреден за густата магла на аеродромот во близина на градот Смоленск, изјави шефот на истражувачите. Снимениот материјал детаљно ќе се преслушува во Москва. Агенциите јавија дека шефот на руското воздухопловство Александар Аљошин изјавил дека пилотот ги игнорирал наредбите од контролата за летање да не се приземјува во Смоленск.
XS
SM
MD
LG