Достапни линкови

Папаконстантину: Грција нема да бара помош од ЕУ


Грчкиот министер за финансии Јоргос Папаконстантину изјави дека Грција нема да бара помош од ЕУ, како и дека планира да позајмува од пазарот. Тој ова го изјави по вчерашната конференција на земјите од евро зоната, кои решија оваа година да пружаат кредитна подршка од 30 милијарди евра ако тоа го побара владата во Атина за да се избори со големата буџетска и финансиска криза. До потегот на земјите на ЕУ доаѓа во момент кога меѓународниот финансиски пазар со големите камати на грчките заеми се понеповолно реагираше на мерките на грчката влада за смалување на буџетскиот дефицит, кој минатат година достигна 12 проценти од бруто домашниот производ.
XS
SM
MD
LG