Достапни линкови

Разговори за задолженоста на Грција


Министрите за финансии од земји членки на Европската унија денеска разговараат за можната понуда на кредитни линии за Грција по каматни стапки од околу пет проценти. Шефот на финансии на шеснаесетте европски земји кои го имаат присвоено еврото како национална валута, премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер, изјави дека Меѓународниот монетарен фонд би помогнал во финансирањето на Грција, која се соочува со задолженост неколку пати повисока од дозволената во еврозоната. Долгот на Грција се проценува на 300 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG