Достапни линкови

logo-print

Тројца загинати во Ирак


Тројца загинаа и еден полицаец е киднапиран во серија напади во Ирак денеска. Во градот Киркук во северот на земјата полицијата соопшти дека две лица загинале во експлозија на бомба. Властите се сомневаат дека двајцата ја склопувале експлозивната направа која детонирала поради грешка во поврзувањето. Во друг инцидент во Киркук, група вооружени напаѓачи застрелала припадник на курдските безбедносни сили. Во градот Рава, на 280 километри од Багдад, полицаец бил киднапиран од својот дом, соопштија ирачките власти.
XS
SM
MD
LG