Достапни линкови

logo-print

Немало технички проблеми со „Тупољев 154“


Руските истражители денеска соопштија дека немало проблеми со технниката на авионот марка „Тупољев 154“, со што е утврдено дека техничка грешка не е причина за уривањето на леталото во кое загина полскиот претседател Лех Качински заедно со уште 95 членови на неговата делегација. Шефот на рускиот истражувачки тим Александар Бастрикин изјави дека немало технички проблеми со авионот. Снимнките од комуникацијата на леталото со контролата на летање докажуваат дека пилотот бил предупреден за густата магла на аеродромот во близина на градот Смолеск, изјави шефот на истражувачите. Снимениот материјал детално ќе се преслушува во Москва, рече Бастрикин.
Инаку, ковчегот со посмртните останки на претседателот Качински пристигна во Варшава, главниот град на Полска. На аеродромот се одржа воена церемонија во чест на покојниот, на која присуствуваа државни претставници и членови на семејството на загинатиот лидер. По церемонијата, ковчегот беше пренесен во претседателската палата пред која се собрани десетици илјади жители на Полска. Насобраните оставаат цвеќе и палат свеќи. Привремениот претседател Борислав Коморовски веќе најави дека вонредни избори во земјата ќе бидат распишани во текот на следните две недели. Од утре во Полска почнува недела на жалење.
XS
SM
MD
LG