Достапни линкови

Иранска жалба против САД во ООН


Иран ќе испрати формална жалба до Обединетите нации против Соединетите американски држави, најавија денеска од иранското Министерство за надворешни работи. Најавата на исламската република следи по промоцијата на нуклеарната стратегија на Америка, согласно која САД нема да напаѓа земји кои не се нуклеарно способни, со исклучок на Иран и Северна Кореа. Претходно, Врховниот лидер на Иран ајатолах Ал Каменеи денеска го предупреди претседателот на САД Барак Обама дека неговите изјави за нуклеарната програма на исламската република се „срамотни“ и дополнително откриваат дека владата на Соединетите држави е „злобна и нерелијабилна“. Врховниот лидер рече дека американскиот претседател „имплицитно му се заканува на Иран со нуклеарно оружје“ додавајки дека неговата земја ќе работи побрзо при производството на нуклеарни центрифуги за својата програма.
XS
SM
MD
LG