Достапни линкови

Телото на Качински на пат кон Полска


Телото на загинатиот претседател Лех Качински денеска ќе пристигне во Полска, јавија новинските агенции. Ковчегот со посмртните останки на покојниот лидер им беше предаден на полските власти на аеродромот во Смолеск, во близина на местото на несреќата. Претходно, жителите на Полска му оддадоа почит на загинатиот претседател и на останатите жртви на вчерашната авионска несреќа со двеминутно молчење, точно на пладне. Во тек е истрага за несреќата, која ја предводи рускиот премиер Владимир Путин. Телата на останатите загинати во несреќата би требало да се испратат во Полска за неколку дена.
XS
SM
MD
LG