Достапни линкови

Иран загрозен од САД ?


Врховниот лидер на Иран Ајатолах Ал Каменеи денеска го предупреди претседателот на САД Барак Обама дека неговите изјави за нуклеарната програма на исламската република се „срамотни“ и дополнително откриваат дека владата на Соединетите држави е „злобна и нерелијабилна“. Ал Каменеи реагира на минатонеделните соопштенија од Америка, дека согласно новата стратегија за нуклеарно вооружување, САД нема да напаѓа земји кои немаат нуклеарни капацитети, со исклучок на Иран и Северна кореа. Обама исто така неодамна лобираше за построги санкции против официјален Техеран. Каменеи рече дека американскиот претседател „имплицитно му се заканува на Иран со нуклеарно оружје“ додавајки дека неговата земја ќе работи побрзо при производството на нуклеарни центрифуги за својата програма. Државната новинска агенција ИРНА јави дека 200 ирански правници побарале дозвола од иранското Министерство за надворешни работи за поднесување на жалби против САД поради наводно загрозување на меѓународниот мир.
XS
SM
MD
LG