Достапни линкови

Демонстрантите во Банкок одбија да преговараат со власта


Демонстрантите, кои веќе еден месец протестираат во Банкок, главниот град на Тајланд, одбија да преговараат со владата. Тие бараат распишување нови избори по распуштање на собранието и оставка на актуелниот премиер. Протестите во главниот град на земјата вчера станаа насилни. Како што јавуваат новинските агенции, дваесетмина загинале во судирите меѓу полицијата и приврзаниците на поранешниот премиер, а повеќе од 500 лица се повредени. Насилството избувна откако полицијата ги нападна насобраните со гумени куршуми и солзавец. Демонстрантите, облечени во црвени маици, одвратија со молотови коктели и камења. Тринаесетмина од загинатите се цивили, а останатите петмина се припадници на тајландските безбедносни сили.
XS
SM
MD
LG