Достапни линкови

logo-print

Пољаците му оддадоа почит на загинатиот претседател


Жителите на Полска со две минути молчење точно на пладне му оддадоа почит на загинатиот претседател Лех Качински и на останатите деведесет и шестмина загинати во вчерашната авионска несреќа. Претседателскиот авион „Тупољев 154“ се урнал во шумата на 2 километри од аеродромот во Смоленск, Русија, веројатно поради лошата видливост. Во Полска е прогласена недела на жалење.
XS
SM
MD
LG