Достапни линкови

Петмина загинати во Авганистан во изминативе 24 часа


Мисијата ИСАФ во Авганистан соопшти дека еден војник загинал во експлозија на бомба денеска, но не понуди дополнителни информации за инцидентот. Претходно, четворица припадници на специјален тим за деактивирање на мини загинаа откако импровизирана бомба детонирала под нивниот автобус. Вчеравечер авганистански војник застрела колега од Полска во провинцијата Ганзи во источниот дел на земјата. Авганистанските власти трагаат по војникот кој е во бегство.
XS
SM
MD
LG