Достапни линкови

Отворена книга на жалост во Полската амбасада во Македонија


Во Амбасадата на Република Полска во Скопје денеска од 10 до 16 часот ќе биде отворена книга на жалост по повод вчерашната авионска несреќа во Смоленск, Русија, во која загинаа полскиот претседател Лех Качински и неговата сопруга Марија. Книгата на жалост во Полската амбасада ќе биде отворена до петок. За трагедијата на Република Полска и за деведесет и шестмината жртви на несреќата, вчеравечер беше одржана миса во Католичката црква во Скопје, на која присуствуваа претстабници на македонскиот државен врв, амбасадорите на Полска и Русија во Македонија и други претставници од дипломатскиот кор. Од денеска во Полска е недела на жалост. Утре е ден на жалење и во Русија.
XS
SM
MD
LG