Достапни линкови

Избори во Судан


Денеска во Судан се одржуваат првите повеќепартиски избори по речиси 25 години. Во следните три дена жителите на земјата со право на глас ќе избираат претседател, пратеници во собранието, лидер на полуавтономниот југ на земјата и локални лидери и советници. Членови на опозициските партии веќе обвинија за изборни манипулации. Согласно официјални извештаи, актуелниот претседател Омар ал Бешир можеби ќе добие уште еден четиригодишен мандат, откако во 1989 година ја превзема власта по воен бунт. Бешир е единствениот претседател кој се соочил со меѓународни обвинувања за воени злосторства во регионот Дарфур, во западниот дел на Судан.
XS
SM
MD
LG