Достапни линкови

Клинтон разговарала со Отумбаева


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон телефонски разговарала со самопрогласениот привремен лидер на Киргистан Роза Отумбаева. Портпаролот на Стејт департментот Филип Кровлеј рече дека Отумбаева и потврдила на Клинтон дека претходните договори на Киргистан со САД се уште важат. Клинтон ќе го испрати заменик државниот секретар Роберт Блејк во Киргистан на средба со Отунбаева, соопштија од Стејт департментот. Претходно, претставникот на меѓународната ОБСЕ потврди дека привремената влада се согласила да преговара со актуелниот претседател на Киргистан Курманбек Бакиев, кој за време на немирите избега во југот на земјата.
XS
SM
MD
LG