Достапни линкови

Приведени тројца странци во Авганистан


Властите во Авганистан приведоа три лица вработени во италијанска добротворна организација, под сомнение дека планирале атентат на градоначалникот на провинцијата Кандахар. Тројцата осмомничени, заедно со уште шестмина авганистанци, биле приведени откако полицијата нашла елеци, пиштоли и експлозиви во магацин во болница во градот Лашкар Гах, рече портпарол на локалните власти. Италијанската добротворна организација демантираше било каква инволвираност во заговор за атентат. Во соопштението на организацијата се додава дека не им било дозволено да контактираат со нивните вработени.

XS
SM
MD
LG