Достапни линкови

Осумнаесетмина загинати во Банкок


Најмалку осумнаесетмина загинаа а повеќе од 800 лица се повредени во протестите во Банкок, главниот град на Тајланд. Во судирите меѓу припадниците на војската и полицијата и приврзаниците на поранешниот премиер на земјата, загинале тринаесетмина цивили меѓу кои и камерманот на новинската агенција „Томсон Ројтерс“. Насилството изби откако полицијата и војската се обидоа со солзавец и гумени куршуми да ги растераат насобраните демонстранти облечени во црвени маици. Приврзаниците на опозицијата, кои протестираат против лошите социо-еконономски услови во земјата, возвратија со камења и молотови коктели. Тие бараат актуелниот премиер на Тајланд Абхисит Вејајива да се повчлече, да го распушти парламентот и да распише нови избори. Премиерот, во телевизиско обраќање, им изрази сочуство на семејствата на загинатите, но одби да си поднесе оставка.
XS
SM
MD
LG