Достапни линкови

Полска жали по Качински


Полските власти прогласија недела на жалење по смртта на претседателот Лех Качински. Лидерот на Полска, неговата сопруга Марија, шефот на централната банка, началникот на генералштабот и многумина други полски официјални претставници се меѓу 96 жртви на авионската несреќа кај рускиот град Смоленск. Понеделник е прогласен за ден на жалење и во Русија. Рускиот претседател Димитриј Медведев му изрази сочувство на полскиот народ. Сочувства испратија и американскиот претседател Барак Обама, британскиот премиер Гордон Браун, британската Кралица, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун и други светски лидери.

XS
SM
MD
LG