Достапни линкови

logo-print

Киргистанскиот претседател разговарал со претставници на привремената влада


Претставници на Киргистанската привремена влада и претседателот на земјата Курманбек Бакиев одржаа „кризни разговори“, јавија новинските агенции. Денеска Киргистанската привремена влада во Бишкек одржа комеморација за загинатите во нередите во земјата. Лидерката Роза Отунбаева, пред околу 3 илјади присутни граѓани, изјави дека оние што загинаа на 7-ми април се херои на земјата. За време на немирите претседателот Бакиев замина во југот на земјата. Тој претходно изјави дека нема да отстапи од функцијата. Претходно, Соединетите американски држави понудија да испратат помош во Киргистан по немирите во кои загинаа повеќе од седумдесетина лица. Предвидено е хуманитарната помош да се испраќа во базата во Манас, каде привремено е стопирано испраќањето на војници во Авганистан.
XS
SM
MD
LG