Достапни линкови

Екипажот на „Тупољев“ ги игнорирал наредбите на контролорите ?


Руски контролор на летање изјави дека екипажот на полскиот претседателски авион, кој се сруши во близина на аеродромот во Смоленск, ги игнорирал наредбите од контролата на летање. Поручникот Александар Алјошин, во изјава за руските новински агенции вели дека тимот контролори на летање неколку пати му наредил на екипажот на авионот марка „Тупољев 154“ да слета на друг аеродром. Рускиот министер за итни интервенции Сергеи Шоигу рече дека пронајдени се двете црни кутии на авионот. Снимените податоци ќе се користат за реконструирање на околностите кои доведоа до несреќата во која загина полскиот претседател Лех Качински, неговата сопруга и другите членови на владината делегација.
XS
SM
MD
LG