Достапни линкови

logo-print

Телата на загинатите ќе се пренесат во Москва


Спасувачките екипи извлекоа 91 тело од местото на несреќата во која загина полскиот претседател Лех Качински, јавија новинските агенции.Телата ќе се пренесат во Москва каде ќе бидат идентификувани, јави американската телвизија „Си-Ен-Ен“. Авионот марка „Тупољев“ со кој патувале претседателот Качински, неговата сопруга, првиот човек на полската централна банка и други членови на полската владина делегација е стар дваесетина години. Леталото последен пат било модернизирано во 1986 година откако било пуштено во употреба во 1972 година, јави „Би-Би-Си“. Денес во употреба се околу 200 авиони од оваа марка а произведени биле околу 1.000 летала во серијата 154. До денеска, според се уште неофицијални проценки, се регистрирани 28 авионски несреќи на авиони од оваа марка.
XS
SM
MD
LG